Веднаш по натпреварот Манчестер Сити – Арсенал кој заврши со победа на домаќините од 5:0 се појави комично видео на социјалните мрежи. На видеото фановите на Арсенал се обраќаат кон домашната публика и пеат: “Не сте ништо посебно, ние секако си губиме секоја недела”.

По овој трет пораз во низа и без ниту еден постигнат гол, за очекување е промена на тренерското столче кај топџиите.