Македонскиот интернационалец Мартин Мирчевски беше спасител на тимот на ТСЦ Бачка Топола на гостувањето кај Чукарички.
Во едно од дербијата на 27.коло во српската Супер лига, Мирчевски погоди во 97.минута за 1-1. Тоа беше негов гол првенец во дресот на новиот тим по јануарскиот трансфер од Академија Пандев.
Тимот на Бачка Топола е на 6.место на табелата со 35 бодови, додека Чукарички е трет со 49 бодови.