Алберто Гаљего доби шанса на клупата на Елче да ја докаже својата вредност како фудбалски тренер и да го издигне последнопласираниот тим во шпанското првенство од дното на табелата. 48-годишниот шпански стручњак не е познато име во фудбалскиот свет, но на локалната јавност и е многу добро познат поради неговата музичка кариера.
Гаљего доби шанса по отказот на Франциско, а тој беше промовиран од Б тимот на клубот. Тој ќе дебитира на новата позиција против Мајорка, а иако не е навикнат на светлата на најголемите фудбалски стадиони во светот, барем не во улога на прв тренер, не му е непознато да биде пред камерите и тоа во улога на човек од кој се очекуваат големи работи.
Шпанските медиуми потсетуваат дека се работи за човек на кој му се предвидуваше ветувачка музичка кариера. Настапувајќи под името Ланко, овој гитарист и пејач одамна бил забележан од ловците на музички таленти и му нуделе договори.
Тогаш го стави фудбалот во втор план и разви музичка кариера. За малку ќе го однесеше на Евровизија. Тој беше во финалето на изборот за песната што ќе ја претставува Шпанија на Евровизија во 2005 година, а на фудбалот му се врати во 2009 година како играч во пониските лиги, а подоцна и како тренер. Под знак прашалник е колку ќе остане на сегашната позиција, но после Мајорка, Елче треба да игра со Валенсија, Реал Мадрид, Еспањол…