Каталанците го скршија малерот и победија кај Виљареал на гости со 1:3.

Звучи неверојатно, веќе се ближи крајот на календарската година а Барса дури денес успеа по прв пат да слави на гости оваа сезона во Шпанската Примера.

И тоа со  3 постигнати голови во мрежата на Виљареал. До сега во 5 гостувања имаше постигнато вкупно 4 голови примено 7 и освоени 3 бода.

Првиот гол го постигна Френки Де Јонг во 48. минута но во 76. минута Чуквуезе израмни на 1:1.

Депај во 88. минута успеа да и избега на противничката одбрана, одлично се снајде и се чини го постигна решавачкиот гол. До крајот Кутињо реализираше од белата точка за конечни 1:3.

Со оваа победа Барселона се искачи на 7. позиција на табелата на само бод заостанување до Бетис и Рајо.

https://twitter.com/andreaxfc/status/1464714299323080706?s=20

Standings provided by SofaScore LiveScore