Џад Белингем, фудбалерот на Борусија Дортмунд има само една желба, да игра во Реал Мадрид и веројатно залудна е битката на сите останати европски гиганти во трката за неговиот потпис.
Белингем, кој е англиски репрезентативец, на лето ќе си оди од Дортмунд и тоа сигурно за најмалку 100 милиони евра вреден трансфер, а иако подолга е листата на заинтересирани од Ливерпул, Манчестер сити, Манчестер јунајтед, Барселона…, „кралскиот клуб“ е во пол-позиција само зашто фудбалерот сака да го носи „белиот дрес“.
Како што објавија шпанските медуми од многу релевантни извори, менаџерската агенција која го застапува Англичанецот веќе ги информирала челниците на „кралевите“, пред сè Флорентино Перез, дека 19-годишниот фудбалер за врска има исклучиво желба да игра на „Сантјаго Бернабеу“.
Инаку Белингем веќе се запиша во историјата на ЛШ, како трет тинејџер кој успеал да даде гол на воведните четири меча во ЛШ, после Ерлинг Браут Халанд и Килијан Мбапе, но неговиот ефект е поголем зашто станува збор за фудбалер за врска, а не напаѓач.