Поранешната најдобра тенисерка на ВТА-листата, која е дел од романската заедница со македонско потекло, Симона Халеп пред неколку дена доби позитивен допинг-тест кој бил направен по Ју-Ес Опен.
Националната анти-допинг агенција (АНАД) објави денеска соопштение во кое детално го објаснува случајот на Халеп и вели дека во нејзината крв е пронајдена супстанцата Роксадустад, иако тенисерката негираше дека свесно ја земала таа супстанција.
Според АНАД, Халеп не може да добие помала суспензија од една година без разлика на околностите, а доколку се докаже дека намерно ги прекршила правилата тогаш ја чека суспензија до четири години, која би значела и крај на кариерата.