Калин Ивановски на доминантен начин избори осминафинале на Вимблдон, но начинот на кој го заврши мечот против Палчеко Мендез направи да стане вирален хит.
Енди Мари на овогодинешниот Вимблдон порача дека не треба да се крева прав околу ударот кој е дозволен во тенисот, а иако мајсторијата на Калин беше импресивна, тоа што беше споделена од официјалниот профил на турнирот сепак донесе многу реакции.
Во случајот, не станува збор за техниката која ја изведе Калин, туку за можниот престап кој го направи македонскиот тенисер пред да го удро топчето со рекет.
Каспер Руд испадна рано на Вимблдон, но третиот носител е оној кој прв најде забелешка за можниот престап на Калин, а се огласи и легендарниот Марк Филипусис кој категорично нагласи дека станува збор за престап.