По неуспешната етапа во Европа каде настапуваше за Марсеј и Елче, Дарио Бенедето се врати во својата Бока на стартот на оваа година, но искусниот напаѓач е оној кој се претвора во главен трагичар за големииот аргентински клуб во најважното натпреварување во Јужна Америка.
Главен трагичар е Дарио Бенедето, бидејќи напаѓачот најпрво не реализираше пенал и го погоди дирекот во регуларниот дел од мечот, но потоа се посрамоти во клучен момент.
Во пенал рулетот при резултат 3:2, Бенедето можеше да стави точка во петтата серија, но наместо тоа, изведе ужасен пенал и ја испрати топката на трибините кај своите навивачи. После тоа пеналот го реализираше Гуедеш за 3:3, а на крајот Коринтијанс победи во пенал серијата со 5:6 за пласман во четвртфиналето.