Пауло Дибала исто како и Џорџо Кјелини вечерва против Лацио го одигра последниот натпревар во дресот на Јувентус пред домашната публика.
Аргентинецот не најде заедничи јазик со управата на клубот и ова лето како слободен агент ќе пронајде нова средина каде ќе ја продолжи кариерата.
По крајот на натпреварот против Лацио беше организиран почесен круг на играчите околу „Алијанц“ стадионот, а при тој круг Дибала не можеше да ги задржи емоциите.
Аргентинецот изгледаше неутешно и постојано плачеше, а неговите соиграчи беа покрај него за да го поддржат.
Навивачите од трибините исто така му дадоа поддршка на Дибала, кој за разлика од Кјелини емотивно „прсна“ и не можеше да запре да плаче.