Фудбалерите на Њукасл направија големо изненадување совладувајќи го вечерва, на домашен терен, тимот на Арсенал (2-0), кој беше фаворит пред се поради огромниот мотив што го имаше, триумф кој ќе им беше клучен во трката по место во Лигата на шампионите (ЛШ).

Но, „топчиите“ одиграа далеку под очекувањата, а мотивираниот домаќин, без разлика што немаше резултатски императив, во второто полувреме го шокира гостинот. Бен Вајт со автогол во 55. минута го најави ваквиот епилог, кој беше потврден од Гимараеш во 85. минута.

Најрадосен од вечерашниот епилог на „Сент Џејмс Парк“ беше составот на Тотенхем, кој доби можност со победа во последното коло сам да си го осигура местото во европската елита. Арсенал во пресрет на последното коло падна на петтата позиција со 66 бодови, два помалку од градскиот ривал, што значи дека сега треба да се надеваат на пораз на „светците“, па со победа да дојдат до ЛШ.

 

Во последното коло, следниот викенд, „топчиите“ играат на домашен терен против Евертон, кој се уште е во битка за опстанок, додека Тотенхем му гостува на одамна испаднатиот Норич.