Македонскиот репрезентативец, Бојан Миовски поради повреда во текот на второто полувреме го напушти дербито против Селтик кое го доби фаворитот со 1-0.
Селтик со гол на Мекгрегор од далечина во 87. минута дојде до трите важни бода на гостувањето кај Абердин.
Миовски во 73. минута се пожали на повреда и беше заменет. Изгледаше дека повредата на Македонецот не е многу сериозна, но тренерот на Абердин реши превентивно да го извади.
Миовски, а ниту еден друг фудбалер на Абердин немаше шанса на дуелот со Селтик, гостите беа тие кои цело време напаѓаа. Имаа вкупно 33 шута од кои 10 во рамките од голот. И посед на топка од 81 процент.