Фудбалерот на Њукасл, Калум Вилсон остана без заб на вечерашниот натпревар против тимот на Арсенал.
Офанзивецот на домашниот тим го загуби предниот заб по еден дуел со противнички играч, но остана и продолжи да игра на теренот.
30 годишниот Вилсон денеска се врати на терените по петмесечна пауза поради повреда и повторно имаше незгоден момент на теренот, но овојпат собра сили и успеа да продолжи да игра.
Не само што играше, туку Вилсон беше и еден од најдобрите фудбалери на Њукасл во првиот дел од натпреварот на „Сент Џејмс Парк“.