Српскиот селектор Светислав Пешиќ уште еднаш зборувал на тема Никола Јокиќ и иднината на двократниот МВП на НБА лигата во националниот тим.
Во пресрет на Европското првенство, се појавува дилемата дали Јокиќ ќе настапува за Србија, а Пешиќ има конкретен одговор.
– Јокиќ ќе игра за српската репрезентација само под еден услов, а тој е низ репрезентацијата да стане подобар играч.
– Не е прашање дали ја сака својата земја, тоа се подразбира, Никола е горд Србин кој ми пишува пораки на кирилица.
– Но, мора да најдеме начин да го мотивираме да се натпреварува со најдобрите во Европа. Ако не е мотивиран, тогаш нема поента да игра на ЕП, – изјавил Пешиќ.