Специјализираниот портал „Hoops Hype“ објави листа на 75 најдобри странци во историјата на НБА.
Под странци се мисли на играчи кои не се родени во САД, без разлика дали настапувале за оваа репрезентација.
Првото место го зазеде Хаким Олајџувон, кој беше член на златната генерација на САД на Олимписките игри во 1996 година, но е роден во Нигерија. Втор е Германецот Дирк Новицки, а во првата петорка се уште и Гркот Јанис Адетокумбо, Канаѓанецот Стив Неш и Шпанецот Пау Гасол.
Најдобро рангирани од Екс Ју просторите се кошаркарите од Србија и Хрватска.
Од Србите најдобро пласиран на осмото место е Никола Јокиќ, Предраг Стојаковиќ 16, Владе Дивац 20, Дејан Бодирога 50, Предраг Даниловиќ 67.
Од останатите Екс Ју републики, Лука Дончиќ е на 11-то место, Дражен Петровиќ е 14-ти, Тони Кукоч 22-ри, Горан Драгиќ 29-ти, а Дино Раѓа 37-ми на оваа листа.