Лос Анџелес лејкерс како да не ја научија лекцијата минатата сезона кога имаа речиси цел ол-стар тим, а не ни влегоа во плејофот. Сега првиот оперативец на клубот тргнува по Бредли Бил од Вашингтон.
Ѕвездата на Визардс важи за еден од најдобрите поентери во лигата, но засега не е јасно каков е предлогот на Лејкерс. Трејд за некоја од актуелните ѕвезди или трејд со три тима за повеќе играчи.
Јасно е дека доколку Лејкерс го сакаат Бил ќе мора да жртвуваат некоја од своите актуелни ѕвезди, а тоа веројатно е Расел Вестбрук, кој би се вратил назад во Вашингтон.
Голема улога ќе игра и желбата на Бил. Тој доколку остане во ростерот на Вашингтон ќе има опција за супер максимален договор од 242 милиони долари, но доколку потпише за друг тим, нема да може да добие повеќе од 179 милиони.