Со поразот на Црвена звезда кај Ефес беше јасно дека дуелот меѓу Партизан и Валенсија нема никакво резултатско значење.
Партизан не успеа да се пласира во доигрувањето од Евролигата, настапот го завршува по регуларниот дел.
Екипата на Обрадовиќ денешниот меч го започна лошо, првата четвртина ја загуби со 21-15, но во продолжението покажа дека е поквалитетен тим од Валенсија и на крајот дојде до убедлива победа од 79-66.
Нанали со 19 поени беше најефикасен во составот на Партизан, Смит реализираше 15, со пет тројки. Кај Валенсија, Оџелај даде 17 поени.
Во плеј-офот од Евролигата ќе играат Реал Мадрид, Панатенаикос, Монако, Барселона, Олимпијакос и Фенербахче. Преку плеј-ин таму ќе се обидат да стигнат Макаби, Виртус, Басконија и Ефес.