Македонскиот репрезентативец, Ти Џеј Шортс освои нова титула, откако лани триумфира во Лигата на шампионите на ФИБА со Телеком Бон, оваа сезона го освои Еврокупот со тимот на Париз.
Кошаркарите на Париз го остварија својот најголем успех во кратката историја освојувајќи го второто по квалитет европско натпреварување откако во вториот меч од финалната серија го совладаа Бруж со 89-81.
До титулата, Париз стигна со смо еден пораз во текот на сезоната и тоа од Бешикташ во основниот дел од натпреварувањето.
За МВП на финалната серија беше прогласен Ти Џеј Шортс кој дуелот го заврши со 22 поена, 6 скока и 5 асистенции. Со тоа продолжи со доминацијата во натпреварувања во кои учествува, имајќи предвид дека претходно беше избран за најкорисен играч во основниот дел, а лани и за МВП на основниот дел и на плејофот во Лигата на шампионите.
Триумфот во Еврокупот на Париз и Ти Џеј Шортс им носи учество во Евролигата следната сезона.