Валенсија на нашиот Димитријевиќ како гостин го совлада Сан Пабло. Вечерва во мечот од 6. коло на Лига Ендеса, кошаркарите на Валенсија одиграа натпревар кој целосно го контролираа и успеаја да дојдат до победа од 65:69

Нашиот Нено Димитријевиќ одигра солиден меч на кој успеа да реализира 10 поени и 6 асистенции.

Валенсија по шест кола има скор од три победи и три порази и е на 9тото место на табелата.