Кошаркарите на белградски Партизан остварија голема победа во Евролига, а на патот до истата имаа неверојатна поддршка од своите фанови во „Штарк Арена“. Од Белград беше испратена порака која вели дека српскиот тим и навивачите се махери за неверојатна атмосфера.

Избраниците на Жељко Обрадовиќ го совладаа Монака со 100-80 за осма победа оваа сезона, со девет порази се наоѓа на 11 место на табелата. Матијас Лесор со 20 поени и осум скока и Кевин Пантер со 19 поени беа најдобри кај Партизан.

РЕЗУЛТАТИ: Алба-Басконија 85-84, Жалгирис-Фенербахче 86-66, Барселона-Виртус Болоња 75-83, Баерн Минхен-Панатинаикос 84-68, Партизан-Монако 100-80.