Кошаркарите на Партизан со пораз стартуваа во Евролигата откако загубија на гости од Басконија со 82-88.

Избраниците на Жељко Обрадовиќ во најголем дел од натпреварот беа рамноправен противник, но ја испуштија победата во последниот период кој домашните кошаркари го добија со 29-22.

Изгледаше на моменти дека црно-белите ќе дојдат до бодовите, но сепак на крајот мораа да се помират со поразот.

Во редовите на Басконија најдобар беше Маркус Хауард со 17 постигнати поени, додека за Партизан Тајрик Џонс и Брендон Дејвис уфрлија по 22 поени.

На останатите две средби Баерн Минхен го победи Реал Мадрид со 97-89, додека Макаби со 89-82 беше подобар од Лион.

Во натпреварите претходно Панатинаикос славеше над Алба Берлин со 77-87, Жагирис со 74-67 ја совлада Барселона, додека Монако на дебито на Ненад Димитријевиќ за Олимпија во Евролигата го совлада италијанскиот тим со 93-80.