Реал Мадрид доживеа болен пораз во првото коло од Евролигата од Баерн Минхен, а во последните минути Факундо Кампацо збесна и заработи исклучување.

Реал одигра катастрофален последен период на гости во Минхен (97:89), со што германскиот тим оствари голема победа на стартот на Евролигата.

Гостите од Шпанија имаа двоцифрена предност во третиот период, но Баерн успеа да се врати, а во последниот период и да направи солидна разлика за рутинска победа.

Нејпир со 25 поени беше најдобар поединец во редовите на Баерн, додека Кампацо со 19 поени го предводеше Реал.

Кампацо ги загуби нервите откако на осум секунди до крајот судијата не досуди прекршок при резултат 92-89. Во тие моменти тргна да се пресмета со судиите, додека соиграчите едвај го задржуваа да направи поголем скандал.

Се внесе во лица на судијата и поради тоа заработи исклучување