Во ефикасен натпревар екипата на Челси по добрите настапи во Премиер лигата стигна до победа и на стартот од Конференциската Лига.
Фудбалерите на Енцо Мареска со 4-2 славеа победа над белгиски Гент. По само 12 минути Челси дојде до водство со голот на Веига по асистенција на Мудрик. На стартот од вториот дел Педро Нето зголеми на 2-0, додека Гент во 50-минута преку Ватанеб намали на 2-1.
Сепак Челси одново преку Нкунку дојде на предност од два гола со голот во 63. минута. За 4-1 се погрижи Девсбери Хал, додека Ганделман во 90. минута ги постави конечните 4-2.
Македонските фудбалери Бобан Николов и Дамјан Шишковски со екипата на Борац Бања Лука го освоија првиот бод на меѓународно ниво и на свој терен одиграа без победник против фаворитот од Грција, Панатинаикос. Резултатот во Бања Лука беше 1-1. Шишковски втор натпревар во низа беше стартер, додека Николов ги одигра последните 25 минути.
На останатите натпревари Шамрок со играч помалку се избори за бод против АПОЕЛ (1-1), Лугано беше сигурен против ХЈК Хелсинки (2-0), а ЛАСК Линц и Ѓургарден постигнаа по два гола и си поделија по бод (2-2).
Копенхаген – Јагелонија 1-2, Фиорентина – ТНС 2-0, Петрокуб – Пахос 1-4, Шамрок – АПОЕЛ 1-1.