Фудбалската селекција на Англија се пласира во финалето на ЕП откако во Дортмунд ја совлада Холандија со 2-1. Во финалето во Берлин, кое ќе се одигра в недела, Англија ќе се сретне со селекцијата на Шпанија, која беше подобра од Франција.
Оли Воткинс е херојот на Англија. Селекторот Герет Саутгејт направи одлична замена, повлекувајќи го капитенот Хари Кејн заедно со Фил Фоден, и во завршницата ги уфрли Оли Воткинс и Кол Палмер.
Во 91. минута, Палмер асистира, а Оли Воткинс постигна гол за триумф и пласман во финалето. Холандија прва поведе во седмата минута со прекрасниот гол од далечина на Чави Симонс, а израмни Хари Кејн од пенал во 18. минута од пресметката.