Леброн Џејмс е еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, а својата кошаркарска магија ја покажа на натпреварот против Хјустон.
Неговите Лејкерс го победија Хјустон Рокетс со 95:85, а Џејмс за 35 минути поминати на теренот постигна 15 поени, притоа додавајќи осум асистенции и седум скока.
По натпреварот, најмногу се зборуваше за акцијата на Лејкерси од втората четвртина, во која Џејмс покажа дека тоа што има 36 години и што оваа му е 19-та сезона во НБА не значи апсолутно ништо.
Со овој потег ги фрли во делириум коментаторите на натпреварот.