Шпанскиот кошаркар Вили Ернангомез е МВП на Европското првенство во кошарка во 2022 година.
Шпанија предводена од Ернангомез го освои Евробаскетот победувајќи ја Франција во финалето.
Тој беше рангиран во првата петорка на турнирот и беше избран за најкорисен играч (МВП) на целото натпреварување.
Центарот на „фуријата“ се изнапромашува во финалето, но блескаше во текот на целиот турнир и имаше просек од 17,2 поени, 6,9 скока и една асистенција по натпревар, што беше доволно за индекс од 19,7.
Дваесет и осумгодишниот Ернангомез е член на Њу Орлеанс Пеликанс.
https://twitter.com/EuroBasket/status/1571598704561500161?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1571598704561500161%7Ctwgr%5Eb70a6a831ee4b2dc009e77b39addc133a3266a62%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.b92.net%2Fsport%2Feurobasket2022%2Fvesti.php%3Fnav_id%3D2215733
Евробаскетот ја доби и идеалната петорка.
Во него немаше место за Матеуш Понитка, херојот на Полска, кој ја предводеше својата земја до неочекуваното четврто место.
Интересно е што во него е Јанис Адетокумбо кој со Грција стигна до четврт-финалето.
Идеална петорка на ЕП:
Лоренцо Браун (Шпанија) – 15,2 п; 1,8 ск; 7.6 ас
Денис Шрудер (Германија) – 22,1 п; 2,3 ск; 7.1 ас
Јанис Адетокумбо (Грција) – 29,3 п; 8,8 ск; 4,7 ас
Били Хернангомез (Шпанија) – 17,2 п; 6,9 ск; 1 ас
Руди Гобер (Франција) – 12,8 п; 9,8 ск; 1 ас
https://twitter.com/EuroBasket/status/1571597173304721409?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1571597173304721409%7Ctwgr%5Eb96b58c80ed94bd1e217e7021f3e0b24f8b11c9a%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.b92.net%2Fsport%2Feurobasket2022%2Fvesti.php%3Fnav_id%3D2215731