ПСЖ славеше со 1-0 на гостувањето кај Лион. Стрелец на победничкиот гол беше Лионел Меси уште во 5.минута по асистенција на Нејмар. ПСЖ сега има 22 бода на врвот на табелата, два повеќе од Олимпик Марсеј. Лион е шести со 13 бодови и го запиша третиот пораз по ред.

Интересно е тоа што вечерва во Лион, Меси го постигна својот 672 гол во кариерата, тука несметајќи ги головите од пенали. Тој сега има еден повеќе од Кристијано Роналдо иако има одиграно 144 натпревари помалку.