Фудбалерите на Наполи го совладаа Милан во дербито од 7. коло на италијанската Серија А со резултат 2:1 (0:0).

Наполи се врати на првото место, кое сега го дели со Аталанта, која претходно истиот ден ја победи Рома во Рим. Двата тима имаат по 17 бода.

Актуелниот шампион остана изедначен на 4. место со Лацио со 14 бодови.

По првото полувреме без голови, Наполи поведе по 10 минути игра во продолжението. Раде Круниќ направи пенал, а Матео Политано го реализираше за водство на гостите.

Сепак, 14 минути подоцна, Милан успеа да возврати. Оливие Жиру беше прецизен на асистенција на Тео Ернандез.

Но, ремито траеше само уште девет минути бидејќи толку му требаше на Наполи за повторно да поведе.

Јунак на триумфот беше Џовани Симеоне кој погоди по додавањето на Марио Руи за конечни 2:1.

Серија А, 7. коло:
Удинезе – Интер 3:1 (1:1)
Шкриниар 22аг, Бијол 84, Арслан 90+3 – Барела 5
Монца – Јувентус 1:0 (0:0)
Гиткјер 74
Кремонезе – Лацио 0:4 (0:3)
Имобиле 7, 21p; Милинковиќ-Савиќ 45+1, Педро 79
Фиорентина – Верона 2:0 (1:0)
Иконе 13, Гонзалес 90
Рома – Аталанта 0:1 (0:1)
Скалвини 35
Милан – Наполи 1:2 (0:0)
Жиру 69 – Политано 55, Симеоне 78

Сабота:
Болоња – Емполи 0:1 (0:0)
Бандинели 75
Специја – Сампдорија 2:1 (1:1)
Муриљо 12аг, Нзола 72 – Сабири 11
Торино – Сасуоло 0:0

петок:
Салернитана – Лече 1:2 (0:1)
Гонзалес 55аг – Сисеј 43, Стрефеца 83

Standings provided by SofaScore