Леванте успеа да стигне до голема и важна победа на гости против Гранада со високи и убедливи 1:4, со што си ги подобри шансите сезонава да се спаси од испаѓање.
Императивот на победа за гостите направи тие да одиграат на овој меч и повеќе од добро, и да го совладаат противникот со убедливи три гола разлика. Серијата голови ја отвори Гомез во 17. минута, во вториот дел погоди Моралес, односно Малса. Во последните секунди од мечот домашните намалија на 1:3 преку Коладо, но Солдадо само минута подоцна ги постави конечните 1:4.
Со овој триумф, тимот на Леванте стигна до бројката од 25 бодови, четири помалку од границата која би го ставил клубот во моментов надвор од зоната за испаѓање.