Гимараеш е херојот на Њукасл којшто со два гола му донесе значајна победа. Најбогатиот клуб во светот Њукасл во 95. минута освои три бода против Лестер (2-1), додека Вест хем одигра 1-1 против Барнли во 33. коло на анлискиот шампионат.
Лестер добро тргна на гостувањето кај Њукасл и постигна гол преку Лукман за водство од 1-0 во 19. минута, но нивната радост не траеше долго затоа што Гимараеш погоди за 1-1 во 30. минута.
Истиот играч беше херој на домаќините, и тоа во драматичниот финиш откако постигна погодок во 95. минута и му донесе три бода на Њукасл.
Њукасл има 37 бодови на 14. место во Премиерлигата, односно три бода помалку од деветтопласираниот Лестер.
На вториот меч кој се играше во истиот террмин Вест хем одигра 1-1 против Барнли.