Грчкиот тенисер Стефанос Циципас го победи Алехандро Давидовиќ Фокина со 6:3, 7:6 (3) во финалето на Мастерсот во Монте Карло .
Петтиот играч на планетата ја одбрани титулата во Монако, освоена лани, кога во мечот за трофеј го совлада Андреј Рубљев.
Циципас на тој начин го запре вжештениот Шпанец, кој минатата недела оствари големи победи во Кнежеството.
Најпрвин во втората рунда го нокаутира Новак Ѓоковиќ, а ги победи и Жирон, Гофан, Фриц и Димитров.
Стефанос не го започна баш најдобро натпреварот, го загуби сервисот во третиот гем, но веднаш возврати во следниот.
Клучниот брејк Циципас во воведниот сет го направи во осмиот гем, за рутински да го освои првиот сет, користејќи ја првата од трите врзани сет топки.
По размената на брејкови во вториот сет, Циципас стигна до нов во деветтиот гем.
Тој сервираше за трофејот, се соочи со две брејк топки, ја спаси првата, но не и втората, а Фокина го продолжи мечот, за набрзо да се влезе во тај-брејк.
Фокина не е познат како некој кој најдобро ги игра тај-брејковите, а тоа се виде попладнево.
Од последните 10 победи во само два, а и во овој обид беше неуспешен. Забележа голем пад во енергијата, што го искористи Циципас, правејќи два мини-брејка, што практично му ја обезбеди титулата,за втор Мастерс во кариерата.
https://twitter.com/atptour/status/1515696521114759173?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1515696521114759173%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.b92.net%2Fsport%2Ftenis%2Fvesti.php%3Fyyyy%3D2022mm%3D04dd%3D17nav_id%3D2141330