Српскиот тениски ас и најдобар светски тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, со победа го почна настапот на мастерсот во Индијан Велс, откако ноќеска потешко од очекувањата го совлада Австралиецот Александар Вукиќ (6-2, 5-7, 6-3).
Ова беше прв триумф за Србинот на овој престижен тениски собир по пауза од пет години, односно од 2019 година кога последен пат настапи по што следуваа пет години во кои не добиваше виза за САД поради што не сакаше да се вакцинира против корона вирусот. Пресметката траеше нешто повеќе од два часа, а беше 400-та за Новак на мастерс турнирите во пребогатата кариера. Воедно, ова беше негов 1.310 меч на АТП ниво и се израмни со Иван Лендл, кој се натпреваруваше од 1978 до 1994 година. Пред нив двајца се само рекордерот Џими Конорс со 1.557 мечеви и второпласираниот на оваа вечна листа, Роџер Федерер со 1.526 настапи.
Ѓоковиќ во третата рунда на Индијан Велс ќе ги одмери силите со Италијанецот Лука Нарди во дуелот што е закажан за утре вечер.