Словенечкиот кошаркарски ас Лука Дончиќ дефинитивно е најдобриот светски кошаркар ако се гледа моменталната форма и учинок на терените. Вчера одигра уште една маестрална партија во ноќешната победа на Далас маверикс во пресметката со Детроит пистонс (142-124).
Словенецот средбата ја заврши со 39 поени и по 10 скока и асистенции што беше негов шести трипл-дабл по ред и тоа со реализација на најмалку 35 поени. Вакво нешто досега не му пошло од рака на ниту еден друг кошаркар во историјата на НБА, како што никој друг го немал неговиот просек од 37 поени, 11 скока и 10 асистенции на 15-те последни одиграни натпревари во најсилната лига на светот.
Најблиску до него во поглед на ова остварување се Расел Вестбрук и легендарниот Оскар Робертсон, кои имале „само“ трипл-дабл натпревари во низа на кои реализирале најмалку 35 поени.
РЕЗУЛТАТИ: Шарлот – Бруклин 110-99, Детроит – Далас 124-142, Голден Стејт – Сан Антонио 113-126, Феникс – Бостон 107-117, Денвер – Јута 142-121, Портланд – Торонто 128-118 (п), ЛА Клиперс – Чикаго 112-102.