Црногорскиот кошаркарски тренер Срѓан Радуловиќ, кој таму истовремено ги води младата женска репрезентација на Украина и Будивељник, се обиде да побегне од воениот пекол на Киев, но не успеа.
Радуловиќ ја раскажа својата приказна за порталот Аналитика.
Бев во ресторанот во неделата и се веселев, а сега сум во бункер. Сè се преврте наопаку за еден час, не можете да верувате“, објаснува Радуловиќ, наведувајќи дека земјотресите од детонации одекнуваат дење и ноќе.
„Никој не очекуваше дека тоа ќе се случи, и јас комуницирам многу со жителите на Киев. Сите мислевме дека конфликтот ќе се интензивира на истокот на Украина, а не во Киев“, вели Радуловиќ.
„Токму денес, еден дечко кој беше чувар го зеде оружјето и отиде да се бори и ми ги предаде клучевите од засолништето. Повеќе не одговарам само за моите туку и за сите семејства кои се тука. Покрај мене, има уште еден млад човек, како и еден постар маж во осумдесеттите години“.
Тој вчера успеал да излезе од Киев, но мораше да се врати.
„Излеговме на 50 километри од Киев и кога требаше да се приклучиме на автопатот што води кон Лавов, украинските војници не предупредија дека Русите ќе рушат автопати и мостови. И тогаш тенк ни го пресретна патот. Веднаш свртев назад, минав на црвено светло, дадов полн гас, само да се извлечам од ситуацијата и да го вратам семејството во прифатилиштето“, вели Радуловиќ.