аркарите на ЛА Лејкерс го запишаа третиот пораз во новата сезона во НБА-лига, откако беа совладани од Портланд со 106-104. Интересен натпревар со многу пресврти. Лејкерси на две минути до крајот имааа седум поени предност, но домашниот тим успеа да приреди пресврт и да дојде до целиот плен.

Лилард со 41 поен беше најефикасен кај Портланд, додека на другата страна Леброн имаше 31 поен, Дејвис застана на 22 поени и 10 скока.

Во третиот натпревар 37-годишниот Крис Пол влезе во историјата на НБА-лигата, стана третиот играч кој дошол до бројката од 11.000 асистенции, а прв кој заедно со тоа постигнал и над 20.000 поени.

Пол во победата на Феникс на гости кај ЛА Клиперс од 112-95 постигна само седум поени со реализација од 3/11, но фати осум скока и подели 11 асистенции. Со ова дојде до 11.009 во својата кариера, на вечната листа пред него се Џејсон Кид и Џон Стоктон.

Резултати: Сакраменто – ЛА Клиперс 109-111, ЛА Лејкерс – Портланд 104-106, Атланта – Шарлот 109-126, Кливленд – Вашингтон 117-107 (прод.), Њу Орлеанс – Јута 121-122 (прод.), Оклахома – Минесота 106-116, Голден стејт – Сакраменто 130-125, ЛА Клиперс – Феникс 95-112.