Летачкиот холанѓанец Макс Ферстапен во Јапонија ја обезбеди титулата во Формула 1, и ја потврди својата доминација на Големата награда на САД за 13-ти триумф во сезоната. Австрискиот тим сега и официјално е шампион кај конструкторите.
Зад Холанѓанецот финишираше Луис Хамилтон, кој го имаше водството неколку кругови откако Ферстапен имаше лош бокс. Сепак, моќта на болидот на Ред Бул беше клучна и шампионот го престигна Британецот на околу 10 круга до крајот. Шарл Леклер од Ферари иако стартуваше како 12-ти се искачи на подиумот како третопласиран.
Ферстапен со 13 победи сега е израмнет со Михаел Шумахер и Себастијан Фетел со најмногу победи во една сезона, а до крајот остануваат уште три трки, па се чини дека Холанѓанецот ќе го урне овој рекорд.
Серхио Перез од Ред Бул беше четврти, потоа следуваа Џорџ Расел, Ландо Норис, Фернандо Алонсо, Себастијан Фетел, Кевин Магнусен, а последниот бод му припадна на Јуки Цунода.
Следната трка се вози за Големата награда на Мексико за една недела.