Тимот на Мерцедес поднесе две официјални жалби против победата на Макс Верстапен на Големата награда на Абу Даби со која ја освои својата прва светска титула во Формула 1.
Луис Хамилтон ја загуби титулата откако беше претекнат од Макс Верстапен во последниот круг. Ова се должи на одлуката на директорот на трката Мајкл Маси да го повлече безбедносното возило од патеката на крајот од претпоследниот круг. Да потсетиме, безбедносното возило излезе на патеката поради излетувањето на Николас Латифи.
Сега се анализира исходот од трката
Маси во претпоследниот круг, го повлече безбедносното возило.
Верстапен по овој потег беше веднаш зад Хамилтон, а благодарение на замената на меки пневматици возило имаше подобро темпо и стигна до победата.
Ова се правилата на кои се повикува Мерцедес
Во својата прва жалба, Мерцедес се повикува на член 48.8 од спортскиот кодекс на ФИА, кој вели:
„Ниту еден возач не смее да престигне друг на патеката, вклучително и безбедносното возило, додека не ја помине целта за прв пат откако безбедносното возило ќе се врати во боксот“.
Во вториот приговор, Мерцедес се повикува на член 48.12 од истиот правилник, кој вели дека „сите возачи кои заостануваат цел круг или повеќе зад водечкиот возач мора да бидат претекнати од возачите од кои заостануваат, но и безбедносното возило пред да продолжи трката“.
Се уште не е јасно какви би можеле да бидат последиците доколку жалбите се уважуваат, но најверојатно звучи, барем така пишува Sky Sport, да се повтори последниот круг од трката.