За титулата светски шампион во ватерполо ќе се борат Италија и Шпанија. Во полуфиналето Шпанија славеше против Хрватска со резултат 10:5.

Хрватската ватерполо репрезентација не успеа да се пласира во финалето на Светското првенство. Шпанците беа пресилни, одиграа одличен натпревар и целосно заслужија да одат понатаму.

Хрватска имаше големи проблеми во нападот, одбраната не беше толку лоша колку што нападот беше проблематичен и без решение за одличната шпанска одбрана. Како одминуваше натпреварот, тинејџерот Унаи Агире на голот на Шпанија стануваше се подобар и се`посамоуверено бранеше, а прашање беше само со колкава разлика ќе слави Шпанија.

Првиот дел беше рамноправен и заврши 3:3, а потоа почнаа проблемите за Хрватска. Шпанија целосно ги затвори приодите кон својот гол и Хрватска не можеше да постигне гол. Во вториот дел не постигна ниту еден гол, тогаш почнааа проблемите .

Со серија од 4:0, Шпанија се одлепи на 6:3, Хрватска успеа да се одржи со два гола во третиот период, но тоа беше се.

Во последната четвртина Шпанија набрзина постигна гол, Хрватска со побрза реализација се обиде да направи нешто повеќе, но едноставно немаше прецизност и смиреност во тоа брзање и не можеа да стигнат до целта.

Кога Шпанците отидоа на 9:5, приказната беше завршена. До крајот на натпреварот остана многу малку време, а само се чекаше крајот.

Хрватска на тој начин оди во борба за третото место каде противник ќе и биде Грција, додека Шпанија во борбата за златото ќе игра против Италија.

Шпанија – Хрватска 10:5 (3:3, 2:0, 2:2)

Судии: Борис Маргета (Словенија), Франк Оме (Германија)

Шпанија: Унаи Агире (12 одбрани), Алберто Мунариз Егана 1, Алваро Гранадос Ортега 4, Бернат Санахуја 2, Мигел де Торо Домингез 1, Марк Ларумбе Гонфаус, Мартин Фамера, Серхи Кабанас Пегадо, Роџер Тахул Бларонелар, Фелипех Гуел 2, Алехандро Бустос Санчез, Едуардо Лорио

Хрватска: Марко Бијач (2 одбрани), Лорен Фатовиќ, Иван Крапиќ, Франко Лазиќ, Лука Букиќ 2, Анте Вукичевиќ, Марко Жувела 1, Јерко Мариниќ Крагиќ, Јосип Врлиќ, Андрија Башиќ 1, Константин Попшиќ (6)

Движење на резултати: 1:0 Мунариз, 1:1 Жувела, 2:1 Де Торо, 2:2 Букиќ, 2:3 Харков, 3:3 Маларач, 4:3 Гранадос, 5:3 Гранадос, 6:3 Санахуја, 6:4 Букиќ, 7:4 Санахуја, 7:5 Башиќ, 8:5 Гранадос, 9:5 Маларах, 10:5 Гранадос