Откако на 24 февруари Русија почна со агресијата врз Украина од свја, но и од белоруска територија, сите организации вклучувајќи ги пред сѐ најмоќните, ИОК, ФИФА, УЕФА им изрекоа суспензија на руските клубови и репрезентации, која сѐ уште е валидна, додека Белорусија беше помилувана само со забрана за настап на домашен терен.
Но, според Оздемир, сега пакетот на санкции што го подготвуваат ЕУ, САД и сојузниците кои им дадоа поддршка е да се исклучат овие две земји од организациите
„Сојузната влада ја поддржува согласноста на 25 земји членки на ЕУ и на другите десет сојузници за солидарност кон украинскиот спорт и украинскиот народ. Барањата се насочени кон главните спортски организации и федерации, но само тие може да решат за исклучувања од своите кровни организации“, рече Оздемир.
Русија во идната недела го има првото рочиште во Лозана на Арбитражниот суд каде се надеваат на преиначување на одлуката за суспензија.