Пливачот на ПК Вардар 2018 патеката на 200 метри мешано ја исплива за 2:12,38 минути, што е нов најдобар македонски резултат во кадетска конкуренција, а кој е за скоро една секунда подобро остварување од досегашното најдобро време на Маленко (2:13,19). Ѓуретановиќ е сопственик на државниот рекорд и во претходната возрасна категорија за постари пионери, што покажува дека полека, но сигурно почнува да доминира во оваа дисциплина.
Наредниот предизвик пред овој млад пливач е јуниорскиот рекорд на Александар Миладиновски (2:07,60) по што на ред ќе дојде најдоброто време во апсолутна конкуренција на 200 метри мешано, што е во сопственост на Марко Блажевски (2:03,65).