Еден од најголемите скандали и срам во американскиот спорт е при крај, па злоупотребените американски гимнастичарки треба да добијат вкупна отштета од 380 милиони долари .
Повеќе од 500 гимнастичари сексуално злоупотребувани од Лоренс Насар, поранешен доктор на репрезентацијата на САД, би можеле да добијат отштета од 380 милиони долари од Американската гимнастичка федерација и Американскиот олимписки и параолимписки комитет, според Њујорк Тајмс.
Со ова би се затворило последното поглавје од еден од најголемите скандали во историјата на американскиот спорт. Договорот за нагодување беше објавен во текот на судската постапка во Индијана. Средствата исто така ќе ги обештетат олимписките победници Симон Бајлс, Мекејла Марони и Али Рајсман.
Жртвите страдале од анксиозност, депресија и посттрауматско стресно растројство, додека некои од нив се обиделе да се самоубијат поради злоупотребата на Насар, извршена под изговор за лекување.