Актуелниот тренер на српскиот тенисер вели дека се уште не зборувал со Ѓоковиќ по поразот од големиот ривал, но не може да прифати одредени детали од играта на Новак.
– Ќе бидам брутално искрен, не можам да спијам по тој пораз. Не сум разочаран, но многу сум тажен.
– Рафа не беше спектакуларен, но одлучи говорот на телото. Го предупредив Новак дека почетокот на мечот може да биде одлучувачки, а несфатливо е како го одигра третиот сет.
– Како да му недостасуваше енергија, како да не веруваше дека може да победи. Не можете да си допуштите таква работа против Рафа, ова е негов турнир.
– Сите го приметија говорот на телото на Ѓоковиќ, не сме разговарале се уште, затоа сум вознемирен. Којзнае што ќе се случеше ако го освоеше четвртиот сет, – изјавил Иванишевиќ.