Шпанскиот тенисер Рафаел Надал го освои Ролан Гарос по 14. пат во кариерата, а од почетокот на годината заработи 5.719.877 долари и се наоѓа на врвот на листата според заработка.
Веднаш по Надал, на втората позиција се наоѓа неговиот сонародник, Карлос Алкараз, кој освои 4.129.611 долари, а зад него следат Стефанос Циципас, Каспер Руд и Александер Зверев во топ-5.
Најдобриот тенисер во светот во моментов, Новак Ѓоковиќ, се наоѓа дури на 11. место со заработени 1.784.727 долари.