Новак Ѓоковиќ не се откажува од тренинзи, иако има мали шанси да добие дозвола за влез во САД и да учествува на Ју-Ес опен.
Српскиот тенисер тренира напорно, а еден од неговите пријатели го снимаше во Црна Гора како турка луксузен автомобил, кој не успеал да запали.
Србинот уште еднаш покажа колку е силен, а на видеото може да се забележи дека успеа сам да го придвижи Поршето.
Никој од навивачите не му помогна, туку му даваа поддршка додека Ѓоковиќ го туркаше возилото до целта.