Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски имаше средба во Дубаи со легендарниот УФЦ борец, Хабиб Нурмагомедов.
Ивановски се наоѓа во Дубаи каде тренира заедно со Новак Ѓоковиќ, а тенисерите имаа посета од пријатен гостин – УФЦ борецот Хабиб Нурмагомедов кој важи за икона во ММА спортот.
Македонецот објави слика на социјалните мрежи со Дагестанецот Хабиб и изрази задоволство што имал прилика да го запознае.