Екипата на шпанскиот гигант Барселона загуби во пријателскиот натпревар против мексиканскиот Клуб Америка со 3-2, а тренерот Чави Хернандес повторно беше лут на своите фудбалери поради недоволното залагање на теренот.
Стратегот на каталонците мораше да состави тим само 24 часа после дуелот со Алмерија во Примера, а на пријателската средба со Клуб Америка на теренот истрчаа неколкумина тинејџери од Барсината , Ла Масија. Барса не можеше да одолее на понудата од пет милиони евра за овој натпревар, а Чави се реши токму од тука да испрати порака до сите во клубот и им даде шанса на оние кои во иднина треба да бидат предводници на тимот.
Португалецот Жоао Феликс беше стартер во тимот, а со него во нападот играше и Марк Гују, како и супер-талентираниот Ламин Јамал. Првите ѕвезди во екипата добија одмор, но шпанските медиуми тврдат дека Чави е сѐ уште многу лут од нивното издание против Алмерија. Барса победи со 3-2, но за време на паузата меѓу полувремињата се случил голем инцидент во соблекувалната.
Се претпоставува дека дел од ѕвездите добиле своевидна казна со неиграњето на пријателскиот натпревар, а интересно е што напаѓачот Роберт Левандовски доби шанса дури во 76. минута.
Барселона ја заврши есенската етапа од Примера како третопласирана на табелата, а следниот предизвик за каталонскиот гигант ќе биде на четврти јануари, кога ќе има пресметка со екипата на Лас Палмас.