Навивачите на поранешниот европски првак Ајакс се понадеваа дека екипата се консолидира и почна да бележи добри резултати во домашното првенство, но тимот доживеа уште една бламажа, една од најголемите во клупската историја.
Екипата од Амстердам доживеа елиминација во 1/16-финалето од Купот на Холандија и тоа од четвртолигашот Херкулес од Утрехт. Аутсајдерот славеше со 3-2, а голот за победа го постигна во 93. минута. Претходно, Херкулес водеше со 2-0, но Ајакс преку Броби и Акпом израмни во последните седум минути од натпреварот.
Да биде дебаклот поголем, Херкулес е на десеттото место во четвртата лига и во моментов е поблиску до зоната на испаѓање од оваа конкуренција, отколку до местата кои водат во повисок ранг. Ова е првпат во историјата, Ајакс да доживее елиминација во Купот од аматерска екипа