Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски пред пресметката со Исланд, која на програмата е во недела со почеток во 18 часот, а која со победа ќе ни донесе пласман во бараж мечевите за пласман на СП, изјави дека во животот нема ништо случајно. Посакува мечот со Ерменија да се повтори и со Исланд.
-Во животот нема ништо случајно. Овој резултат е плод на нашата работа. Се гледа квалитетот на екипата, на фудбалерите кои играа и на младинско и на сениорско Европско првенство. Јас сум оптимист. Тоа што го покажавме против Ерменија да го направиме и против Исланд. Сакаме повторно да испишеме историја, вели Алиоски.