Македонија цели 75 минути успеа да се одбрани, ама попушти во завршницата и стоперот Јован Манев го почести Пјер Калулу да ни даде гол на 15 минути пред крајот и „триколорите“ да запишат нова победа.
Очекувано Франција беше таа што диктираше темпо, но малку простор наоѓаа гостите за сериозни шанси и до голот само еден дирек во првиот дел по шут на Максим Какере и една одлична одбрана на Давид Денковски по удар на Арно Калимуендо, сѐ друго скоро и да не беше опасно по нашиот гол и рутински Денковски ги одбрани ударите во нашиот гол. Македонија имаше само една шанса на средина од првиот дел преку Марио Илиевски, но не успеа да го совлада гостинскиот голман.
Македонија со вториот пораз остана на шест бода на третото местo, ама сега со седум заостаток зад Украина на четири кола до крајот и со само теоретски шанси да стигне до таа втората позиција.