Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски игра во одлична форма, после два гола по ред, денеска беше асистент во победата на Ал Фејха против Абха со 2-0 во првенството на Саудиска Арабија.
Трајковски одигра преку 100 минути на мечот, па беше заменет во десетата минута од судиското надополнување, а асистираше во втората минута од надополнувањето во првиот дел за неговиот тим да поведе со гол на Паулињо, а потоа во 97-та минута печат на триумфот стави Мадаш.
За македонскиот репрезентативец ова е втор меч по ред да го одигра цел натпревар за својот клуб, а трет во низа во кој е клучен за бодови, откако во претходните два со голови ѝ обезбедуваше бод на Ал Фејха.
Ал Фејха со 23 бодови е на осмото место на табелата, седум над опасната зона за испаѓање.