Екипата на Брајтон оствари убедлив триумф на гостувањето кај Шефилд Јунајтед (2-5) во шеснаесетфиналето од англискиот ФА Куп. Играчите на Роберто де Зерби беа апсолутно подобар ривал и заслужено одат во следното коло во најмасовното натпреварување во Англија.
Шефилд одржуваше резултатска неизвесност до стартот на вториот дел, но потоа Педро ја запечати судбината на домаќините и го одведе својот тим кон нова победа во ФА-Купот, а конечните 2-5 беа дело на искусниот Дани Велбек, кој беше прециен во 97. минута од натпреварот.
На останатите попладневни натпревари, Евертон во самиот финиш загуби на домашен терен со 1-2 од екипата на Лутон Таун, Лидс Јунајтед и Плимут ремизираа со 1-1 и ќе го повторат дуелот, Лестер Сити без проблеми славеше со сигурни 3-0 над Бирмингем, a најголемата сензација ја приреди шестолигашот Маидстон, кој го елиминираше тимот на Ипсвич.